Информатор на општина Новаци 37 - Page 10

Обележување на пешачки премин во близина на училиштето Заради поголема безбедност во сообраќајот, особено на децата денеска беше организирана акција за обележување на пешачки премин во близина на основното училиште „Славко Лумбарковски“ во Новаци. Во акцијата беа вклучени децата и родителите со цел поголема едукација како на безбеден начин да се вклучат и учествуваат во сообраќајот. „ По барање на училиштето ја организиравме оваа акција за обележување на пешачки прем ин во близина на училиштето на регионалниот пат Новаци РЕК кој е доста фреквентен и еден од најпрометните патишта во општината а кој секојдневно го користат децата кога одат и се враќаат од училиште. Оваа акција ја спроведовме за нивна поголема безбедност како и апел до возачите за поголема внимателност. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Акцијата беше иницирана од страна на раководството на училиштето, поддржана од општина Новаци и градоначалникот Котевски, ја реализираше ЈКП „ Комунална хигиена“ додека во истата беа вклучени и припадниците на полициските сили од полициската станица Новаци кои воедно го одбележаа 7 мај денот на македонската полиција. 10